Струга ТЛ и даде на Воска малку да се порадува на водство па потоа и “стегна“ три гола!

1016

Успешна “генералка“ за Струга ТЛ денеска против второлигашот Воска од Охрид, одигран на градскиот стадион во Струга. Интересен меч, а составот на тренерот Срѓан Захариевски славеше со 3:1.

Треба да се каже дека Воска со голот на Емини поведе со 0:1, но тоа беше колку малку да се порадуваат гостите, барем на водство. Потоа на сцена стапија Бесарт Ибраими со два и Фатјон Јусуфи со еден гол за конечни 3:1.

Одличен настап на Струга ТЛ, покажа дека е во добра форма во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ во која стружани секако дека ќе играат видна улога.

Претходно„Дербито на Македонија“ се играше во с.Црно Буки: Вардар двапати водеше, Пелистер двапати израмнуваше! (ВИДЕО)
СледноЈуниорките убедливо поразени од Луксембург!