„Дербито на Македонија“ се играше во с.Црно Буки: Вардар двапати водеше, Пелистер двапати израмнуваше! (ВИДЕО)

4999

Без разлика дали тоа е пријателска, дали двата клуба се второлигаши, секогаш кога играат Пелистер и Вардар, тоа е “македонско Ел Класико“ или “Дерби на Македонија“.

Па така и денеска, кога Пелистер и Вардар одиграа пријателска во село Црно Буки, во интересен меч кој заврши со резултат 2:2 во регуларниот дел, потоа се пристапи на изведување на пенали а тука подобри беа вардарци и победија со 3:4. Скопјани поведоа со убавиот гол на летното засилување Симеон Христов во 37.минута. Додека битолчани израмнија во 79.минута. Сепак вардарци неколку минути подоцна одново го вратија водството. И тоа не беше се, Пелистер во 88.минута ги постави тие 2:2, за да потоа како што веќе кажавме, се изведуваше пенал – серија. 

Нема што, и двете екипи покажаа дека во следната сезона во ВМФЛ ќе водат лута битка за врвот на табелата.

ПретходноКога Емери ќе се изнервира тогаш покажува среден прст! (ВИДЕО)
СледноСтруга ТЛ и даде на Воска малку да се порадува на водство па потоа и “стегна“ три гола!