Домагој Вида и официјално во АЕК

173

Искусниот хрватски дефанзивец Домагој Вида е нов член на тимот на АЕК од Атина. Стоперот летово си замина од Бешикташ, и имаше неколку опции на располагање меѓу кои и враќање во домашниот шампионат, но се одлучи за трансфер во Атина. Потпиша двегодишен договор во кој ќе заработува 1.5 милиони евра по сезона.

Една од главните причини и за преселбата во АЕК, а не враќање во неговиот матичен Осијек да речеме беше неговата желба и натаму да биде дел од репрезентацијата на Хрватска, која за неколку месеци ќе биде дел од Мундијалот во Катар.

 

ПретходноФранција го избриша подот со „пулените“ на Симиќ
СледноРаум дефинитивно во Ред Бул Лајпциг