Ирвинг планира да игра во Евролига?

347

Кајри Ирвинг е еден од оние спортисти кои и понатаму одбива да се вакцинира, па минатата сезона не се изнаигра.

По една сезона во која се шпекулираше дека Бруклин сака да се ослободи од него, се зборуваше и дека дури и тој одржува одвоени тренинзи за соиграчите, контроверзниот кошаркар изјавува дека нема проблеми со мотивацијата.

„Воопшто не треба да се мотивирам, ја одиграв 12-та сезона во најдобрата лига на светот и само се подобрувам. Кога ќе наполнам 38 години ќе имам време да се навратам на мојата кариера , но дотогаш уживам во секој момент“, рече тој.

Сега Кајри Ирвинг има 30 години, а очигледно планира да игра во НБА до 38. Што значи дека би можел да пристигне во Европа токму навреме за сезоната 2030/31.

„Нема да престанам да играм на 38 години, нема шанси! Потоа ќе играм во лиги ширум светот и ќе ги учам младите играчи на она што другите ме научија“, откри тој.

Ирвинг е роден во Мелбурн, па логично би било да се врати и да се испроба во се посилната НБЛ, но сепак Евролигата е најсилното натпреварување надвор од НБА. Неговиот соиграч Кевин Дурент беше воодушевен од дел од натпреварите кои ги следеше, а можеби во иднина и Кири ќе го видиме на европски терен.

 

ПретходноФерстапен и на Хунгароринг покажа зошто е светски првак!
СледноРеми на Асани и Илиевски против Бабунски