Поради невремето и немањето струја: Спектаклот во Струмица доцнеше час и половина!

1921

Место во 19:45 часот, спектаклот во Струмица, пријателскиот меч меѓу Беласица и Брегалница започна дури во 21:15 часот. Ова е натпревар по повод 100 годишнината од ФК Беласица. Причината за доцнењето е дефектот со струјата на стадионот “Благој Истатов“, а треба да се каже дека и половина Струмица немаше електрична енергија, и тоа поради невремето кое го зафати овој дел од Македонија.

По првото полувреме резултатот беше 1:1. Поведе Беласица со голот на Радојчиќ во 4.минута, за да Брегалница израмни во 23.минута со голот на Додев.

Треба да се каже дека вечерашниот меч го следат 3.000 гледачи на трибините на стадионот “Благој Истатов“.

ПретходноСуперкуп: ПСЖ и без Мбапе беше пресилен за Нант, Нејмар и Меси со фантастични голови (ВИДЕО)
СледноКлое Кели и го донесе на Англија златото па го соблече дресот! (ВИДЕО)