Англија – Германија 2:1 и тоа по продолженија, со што селекцијата на Англија стана европски првак во женска конкуренција. Финалето се одигра на “Вембли“ пред точно 87.192 гледачи, тоа беше супер интересен меч, а на крај драма, сепак Англичанките заслужено славеа и а освоија европската круна.
Домашната селекција поведе со голот на Тоон во 62.минута, Германките израмнија во 79.минута со голот на Магул. Победничкиот гол беше дело на Кели во 110.минута за еуфорија на “Вембли“ и во цела Англија секако.