Симиќ и „пулените“ на поправен против Франција (ЛИНК)

404

Македонската јуниорска репрезентација со пораз го отвори Европското првенство У18 во Измир. Нашите кошаркари во првото коло беа поразени од Израел со 79-70, разлика која беше и поголема.

Денеска, исто во ран термин (12:45 часот), „црвено-жолтите“ шансата за поправен ќе ја браат против Франција. Уште еден силен противник, кој бара повеќе од шутерско шоу и индивидуална игра, која против Израел дефинитивно изобилуваше.

Тони Симиќ денеска ќе мора да ја промени тактиката, првенствено добра одбрана, а потоа многу поорганизиран напад, во спротивно Франција нема да им прости, бидејќи својата сила ја покажа на дело уште вчера кога Велика Британија ја сомеле со 50 разлика.

Македонија против Израел има 17 загубени топки и само две украдени во цел меч. Бројки кои предупредуваат.

Претходно100 години Беласица: Клубот на Истатов, Рингов, Пандев, Стојков… денеска слави еден век постоење!
СледноИгуаин во едно полувреме постигна хет-трик со спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)