Сопругата на Шумахер низ созли: Ми недостасува секој ден (ВИДЕО)

333

Трогателни сцени од Келн, сопругата на Михаел Шумахер, Корина, се расплака додека ја примаше наградата во името на својот сопруг.

Шумахер ја доби престижната „Државна награда“, највисоката чест на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Претседателот на тој регион, Хендрик Вуст, рече:

„Неверојатната работа и достигнување на Михаел Шумахер како спортист и како некој кој се борел за вистинските работи и надвор од границите на неговата родна Северна Рајна-Вестфалија е причината поради која му ја доделуваме оваа награда“.

Проговори и Корина, низ солзи и емоции, и кажа шокантна работа, дека и недостасува сопругот!

„Михаел ми недостига секој ден, но не само не мене. На децата, семејството, на сите им недостига. На сите ни недостасува, а тој е тука. Тој е различен, но тој е тука и тоа ни дава сила. Се обидуваме да продолжиме како семејство, како што тој би го посакал. Секогаш не штитеше, а сега ние го штитиме него“, рече таа низ солзи.

Во 2013 година, Шумахер се здоби со тешки повреди и оштетување на мозокот за време на скијање, по што беше ставен во индуцирана кома. Од тоа се разбудил во 2014 година, но оттогаш не е виден во јавноста и не се знае каква е неговата точна состојба.

ПретходноЃоковиќ се подготвува за УС Опен иако не знае дали ќе игра: Стискајте палци!
СледноУникс Казан и Димитријевиќ блиску до договор кој ќе значи многу за Македонија!