Столе против Роналдо и Ериксен ја сочува мрежата на „Олд Трафорд“ па излезе на полувреме! (ВИДЕО)

535

Кристијано Роналдо бадијала се силеше. Најави дека кралот се враќа, но на денешниот меч на “Олд Трафорд“ со речиси резервниот тим на Јунајтед не можеше да му даде гол на напиот Столе Димитриевски, кој бранеше до полувремето за Рајо Ваљекано.

Не дек Столе имаше којзнае какви интервенции, немаше ни потрева, зошто ударите на Роналдо и на Ериксен заврши покрај голот.

И кога виде дека нема потреба веќе да брани, Столе остана на паузата во соблекувалната, остана и Роналдо кој беше заменет од тренерот Ерик тен Хаг.

Треба да се каже дека Прортугалецот си овации беше пречекан на “Олд Трафорд“, како и новиот стратег Ерик Тен Хаг.

На овој меч по 45.минута резултатот беше 0:0, некаде до средината од вториот дел беше 1:1.

ПретходноТотенхем го позајми стоперот на Рен
СледноКога Емери ќе се изнервира тогаш покажува среден прст! (ВИДЕО)