Уникс Казан и Димитријевиќ блиску до договор кој ќе значи многу за Македонија!

700

Пред неколку дена пишавме дека Ненад Димитријевиќ не само што е на радарот на Уникс Казан, туку оваа работа е многу сериозна, не станува збор за шпекулација. Раководството на рускиот тим веќе има доставено добра понуда до македонскиот репрезентативец, подготвени се да ги исполнат сите желби на Нено за да го облече нивниот дрес.

Преговорите отидоа чекор понапред, па Уникс Казан и Димитријевиќ се блиску до случување на соработка, која би била на една сезона. Ова значи дека во силната ВТБ-лига каде ќе учествува и македонскиот стратег Емил Рајковиќ со неговата ЦСКА Москва.

Нено по една сезона мината во дресот на Валенсија се соочи со проблеми, па токму затоа ќе стави крај на ова поглавје и ќе продолжи во друга средина.

Доколку во следниот период се случи официјална промоција во Уникс, тоа значи дека Македонија во претквалификациите за ЕП 2025 година ќе настапи со најдобриот кошаркар. Подготовките почнуваат на 8. август, а првата средба е закажана за 25 истиот месец на гости кај Данска, три дена подоцна Македонија ја пречекува Словачка во „Кале“.

ПретходноСопругата на Шумахер низ созли: Ми недостасува секој ден (ВИДЕО)
Следно100 години Беласица: Клубот на Истатов, Рингов, Пандев, Стојков… денеска слави еден век постоење!