Ферстапен и на Хунгароринг покажа зошто е светски првак!

164

Макс Ферстапен е победник на денешната трка во Формула 1 за ГН на Унгарија на патеката на Хунгароринг. Иако Холанѓанецот стартуваше од 10-тата позиција, сепак со умешно возење, со маестрална тактика на својот тим на Ред Бул, секако и со малку среќа, успеа да дојде до уште една победа и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман во годинашниот шампионат. Иако не возеше блескаво, имаше две до три големи грешки, губеше и позиции, но Ферстапен едноставно покажа зошто е светски првак.

На денешната трка повремено имаше и малку дожд, па затоа дојде и до повеќе менување на пневматиците, а тоа најдобро го искористи Ред Буд со што му овозможи на Верстапен уште еден триумф, ова беше 28 победа во кариерата и 8 во годинашниот шампионат.

На второто место заврши Луис Хамилтон, кој исто така со својот Мердецес има супер возење. На подиумот се најде уште еден Мерцедес, и тоа оној на Џорџ Расел кој стартуваше прв на трката.

Ново разочарување за Ферари, четврта и шеста позиција, за Саинц и Леклер, помеѓу нив се најде Серхио Перез.

Интересна, полна со пресврти трка, за уживање на гледачите покрај патеката на Хунгароринг.

ПретходноПоразот во УФЦ ја одведе на пластична операција (ФОТО)
СледноИрвинг планира да игра во Евролига?