Чави го отпиша, а тој без приговор си замина од Барселона и си најде нов клуб

8003

Откако донесе низа скапи засилувања, Барселона реши да се сврти кон продажба и генерално намалување на бројот на играчи за полесно да ги поднесе последните трошоци. Првиот играч на пресечениот список на Чави Хернандез веќе го напушти клубот, а тоа е стоперот Оскар Мингеза.

Тренерот на Барселона му порача на Мингеза дека не смета на него ниту на краток, ниту на долг рок и дека треба да бара нов клуб, а каталонски спорт пишува дека стоперот без никаков приговор се согласил на тоа и отишол во Селта, со што стана првата жртва на чистката во Барселона.

Мингеза со клубот од Виго ќе потпише договор на четири сезони, а Барселона треба да заработи два и пол милиони евра обештетување. Мингеза беше еден од петте играчи кои не отпатуваа со Барселона на подготовки во Америка, а очигледно прв од нив сфати дека мора што поскоро да најде нов клуб.

ПретходноИгуаин во едно полувреме постигна хет-трик со спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)
СледноРадовиќ со први впечатоци од Маврово: Екипата е нова, полека ги склопуваме „коцките“