Јуниорките убедливо поразени од Луксембург!

153

Вториот натпреварувачки ден на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години, дивизија Б, го донесе и вториот пораз за нашата јуниорска репрезентација. Избраничките на Никола Златев покажаа карактер, но не успеаја до крајот на натпреварот да ги совладаат разиграните кошаркарки од Луксембург. Во финишот, загубивме со 55-91 односно 22-30, 13-28, 11-17 и 9-16 по делници.

Од противничкиот табор, искусно ги казнија нашите грешки. Неколку промашени шутеви од поле, како и ‘извлечени’ лични грешки резултираа со двоцифрена предност во корист на Луксембург (5-15) по само три минути игра на паркетот во Софија. Следеше кратка реализаторска криза кај нашиот противник, од која успеавме да извлечеме намалување на негативата (20-24). По враќањето на паркетот од полувремето, двете селекции ја смирија играта. Подолги акции, но со слаба реализација кои значеа одржување на резултатот во полза на кошаркарките од Луксембург, се до конечни 55-91.

Со 22 поени и седум скокови Михаела Алексовска беше најуспешна во нашиот состав. Девет поени постигна Евгенија Танаскоска, два помалку реализира Марија Николов на кои придодаде и осум скока. Пет поени зад своето име запиша Мартина Маркоска, по четири реализираа Анастасија Тодорова, Ана Милованова.

Следен противник на нашите јуниорки е Велика Британија со која ќе се пресметаме утре (1. август) со почеток во 17:15.

ПретходноСтруга ТЛ и даде на Воска малку да се порадува на водство па потоа и “стегна“ три гола!
СледноОдигра 62.минути на “Селтик Парк“: Ни Миовски не му помогна на Абердин!