Тренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг го назначи Бени Меккарти за свој помошник во стручниот штаб кој ќе биде задолжен за работата со напаѓачите и е одговара за нивната форма.
Некогашниот репрезентативец на Јужна Африка, и член на екипите на Ајакс, Селта, Порто, Блекбурн и Вест Хем е ангажиран со цел да се подобри ефикасноста на Јунајтед која мора да се каже во последните години не беше на потребното ниво.
„Ми се допаѓа Манчестер Јунајтед и отсекогаш сум сакал да играм овде. Ми се допаѓаат фудбалери како Марк Хјуз, Енди Кол и Рајан Гигс“, рече Мекарти при претставувањето.