Интересна сцена вчера се случи по завршувањето на натпреварот од Комјунити Шилд меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, на кој “редси“ победија со 3:1 и го освоија пехарот. И како што доликува, покрај пехарот момците од „Енфилд“ добија медали. И нив ги доделуваше претседателката на Фудбалската федерација на Англија, Деби Хјуит. Таа со сите се поздравуваше, но кога дојде ред на Салај тој и подаде рака, а Деби го прегрна. Очигледно беше дека “шефицата“ беше импресионирани од напаѓачот на Ливерпул.
Не се знае како останатите фудбалери реагираа на овој потег на Деби.
The FA CEO looked well pleased she got to hug Mo Salah. 🤗 #LFC pic.twitter.com/qQmNtJirXB
— Michael Thawe (@Michael_Thawe) July 30, 2022