Ѓоковиќ се подготвува за УС Опен иако не знае дали ќе игра: Стискајте палци!

120

Новак Ѓоковиќ пред неколку недели успеа да го освои Вимблдон и да покаже дека се уште е во добра форма.

Годината на Ѓоковиќ не започна добро затоа што доби забрана за учество на Отвореното првенство на Австрија откако одби да се вакцинира против коронавирусот.

Сепак, после тоа настапи на Ролан Гарос и успеа да го освои Вимблдон. Следен е УС Опен, но настапот на еден од најдобрите тенисери на сите времиња се уште е под голем знак прашалник.

И во Соединетите Американски Држави како и во Австралија е во сила закон кога станува збор за лица кои не се вакцинирани.

Ѓоковиќ моментално е суспендиран на УС Опен и може да игра само ако се вакцинира, нешто што нема да се случи. Но, тој работи напорно и се подготвува доколку нешто се промени и добие дозвола да игра во Њујорк.

Тој се огласи на „Твитер“  и се заблагодари за пораките за поддршка што ги доби бидејќи има многу кои бараат од челниците на УС Опен да му дозволат на Ѓоковиќ да настапи на овој Грен слем турнир.

„Многу ми е чест што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на терените ширум светот. Продолжувам да се подготвувам и тренирам како да ќе се натпреварувам додека го чекам одговорот дали има некаква можност да патувам во Америка. Ви благодарам и стискајте палци за мене“, рече Ѓоковиќ.

ПретходноБарса со бројни промашувања на Лева го победи Њујорк, Реал ја „уништи Старата дама“ (ВИДЕО)
СледноСопругата на Шумахер низ созли: Ми недостасува секој ден (ВИДЕО)