Боксови и црвени картони во Србија (ВИДЕО)

9194

Мечот од изминатото коло во Супер лигата на Србија помеѓу екипите на Раднички Ниш и ТСЦ Бачка Топола нема да биде запаметен по гостинскиот триумф од 0:3, туку по ужасното и недолично однесување на домашниот капитен Александар Пејовиќ.

Тој при една ситуација на средината на теренот при една ситуација реагираше бурно затоа што Стојиќ го фаулираше Арсиќ, Пејовиќ сакаше бргу да го изведе слободниот удар, но немаше контрола врз топката. Потоа, од само нему познати причини го собори Стојиќ на тревата и почна да го удира. Со БОКСОВИ. Нормално, веднаш беше исклучен, а потоа требаше уште една минута сигурно за да биде одстранет од теренот затоа што буквално „здиве“….

ПретходноБобан Георгиев е нов играч на Леотар
СледноАлександар Влахо на местото на Павел Неделковски во стручниот штаб на Шкупи