Алексис Санчез од денеска и официјално е слободен играч. Како што потврдија од Италија, неговиот досегашен клуб Интер му го раскина договорот и го направи слободен агент.
Иднината на Санчез беше неизвесна веќе некое време, бидејќи чилеанската ѕвезда е силно поврзувана со трансфер во Олимпик Марсеј. Виљареал исто така беше заинтересиран за поранешниот играч на Арсенал, но потегот не се реализираше само поради обештетувањето.
Џанлука ди Марцио објави дека договорот на Санчез со Интер сега е раскинат, а играчот е слободен да му се приклучи на Олимпик Марсеј. Санчез помина три сезони во Интер, откако првично пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед, а подоцна го раскина договорот со Англичаните и како слободен играч им се приклучи на „нероаѕурите“.