Кадетките вечерва на трибини: Се гледа дербито Шпанија – Унгарија (ФОТО)

157

По двете стартни победи, нашата ракометна репрезентација за играчи до 18 години денеска има слободен ден на Светското првенство. Избраничките на селекторот Савевски, вечерва во период на релаксација сепак му се посветени на првенството кое се одржува во Скопје.

Комплетниот наш тим вечерва е на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ каде со внимание го следи дуелот меѓу Шпанија и Унгарија. Утрешниот дуел со Иран за нашите девојки ќе биде битка за првото место во групата.

ПретходноПорази на шахистите во 4. коло на Шаховската Олимпијада во Индија
СледноОливие Њокас и официјално е ракометар на Олимпијакос