ГРК Тиквеш ја продолжи соработката со со двајца ракометарите. Во новата сезона дресот на кавадаречкиот состав ќе го носат Евгениј Темелковски и ветеранот Орданчо Лазов, кој одлучи да игра ракомет најмалку уште една година.
Претходно верноста ја продолжија Симиќ, Миклов, Кондев и Коцев. ГРК Тиквеш ќе го предводи Данило Брестовац, а во Супер-лигата за противници ќе ги има двата тима на Е.Пелистер, Пролет, Радовиш, Скопје, Ј.Кисела Вода и Голден Арт.