Фрапантно: Три најгледани мечеви со фанови на стадион за 2022 година се од женскиот фудбал!!! (ФОТО)

174

Навистина неверојатно. Но така е, барем според ЕСПН. По сетоа она “лудило“ што вчера се случи на “Вембли“ во финалето на ЕП за жени, направена е детална анализа за тоа кои натпревари воопшто за оваа година се најгледани, но со фанови на стадион а не на ТВ.

Па така се дојде до заклучок дека од трите најгледани се сите три од женскиот фудбал, а не од машкиот. На прво место е мечот меѓу Барселона и Волфсбург кога на “Камп Ноу“ имало 91.648 гледачи, потоа на второ место е средбата Барселона – Реал Мадрид кога имало 91.553 фанови и на трето место, онаа вчерашната кога на “Вембли“ на средбата Англија – Германија имало 87.192 гледачи.

Image

ПретходноУште двајца играчи останаа верни на ГРК Тиквеш
СледноЏани Алиоски е нов член на Фенербахче!!!