Англискиот тим Барнли ќе мора да плати пет милиони евра доколку сака да го види во своите редови македонскиот интернационалец и репрезентативец Дарко Чурлинов.
Чурлинов минатата сезона ја мина на позајмица во Шалке 04, летово се врати во Штутгарт, и имаше релативно добра предсезона. Погоди на стартот на регуларната сезона во куп мечот протид Динамо Дрезден.
Барнли е тим кој располага со релативно богат буџет и не би требало да биде проблем да се плати бараната сума.