Се возобновува дуото кој му донесе многу радости на ФК Вардар, а тоа сега ќе го прави и во таборот на ФК Шкупи. Во стручниот штаб на тренерот Гоце Седлоски влегува Александар Влахо, неговиот долгогодишен помошник од времето во Вардар, но и во Широки Бријег,Рига и Динамо Загреб.
Влахо потоа се испроба како самостоен прв тренер на Работнички, а сега влегува на местото од Павел Неделковски кој заминува во странство.
Со тоа, Шкупи прави уште еден трансфер, еден од десетината летово, со назнака дека сега не се работи за играч туку за тренер.