Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години денеска (12:45 часот) го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Измир.
Засега, избраниците на Тони Симиќ не се покажаа во изданието кое го најавуваа. Ајде, Франција беше преголем залак, но Израел кој требаше да биде противник по мерка, исто беше подобар од Македонија. Симиќ засега со оваа генерација не дадоа импулс дека иднината ни е на завидно ниво. Па последна шанса во ова друштво од групната фаза ќе ја имаат денеска. Време е да се одигра еден меч тимски, со добра и цврста одбрана, напад без солирање и напад без кому му тргне од линијата за три поени. Во време кога играат сите кошарка, мора да знаеме повеќе…