МЗТ Скопје на осми август стартува со подготовките за новата сезона. Пред македонскиот првак е вистински предизвик, настап во АБА-лига, каде се врати после неколку години пауза.
Додека полека се создава ростерот, раководството на клубот заедно со стручниот штаб предводен од Александар Петровиќ работат и на овозможување на вистински подготовки, кои значат и силни пријателски натпревари.
МЗТ Скопје од 18 до 20 август ќе патува во Солун, каде ќе ги одмери силите со ПАОК и Арис.
Александар Петровиќ во нозата сезона засега ќе смета на Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски, Марко Спасовски и Андреј Андоноски.
На отварањето ан АБА-лига, актуелниот македонски првак ќе игра против Црвена Звезда на гости.