Милан подобар од Марсеј, Севиља лошо мина и против Лестер (ВИДЕО)

182

За неколку дена стартуваат лигите ширум Европа и викендов беа последните пријателски мечеви на многу од великаните.

Па така, Милан гостуваше на Велодром, каде што одигра пријателски натпревар против Олимпик Марсеј и обезбеди триумф од 2:0. Месијас погоди за 1:0, а потоа и асистираше за Жиру до удвојувањето на водството.

Тимот на Севиља од друга страна по дебаклот од Арсенал во кој загуби со 6:0, овојпат е поразен од Лестер минимално со 1:0.

Тимот на Лидс на Еланд Роуд го разби италијанскиот Калјари со 6:2, а двоецот Родриго – Бамфорд постигн вкупно 5 гола. Родриго стиргна до кет трик, Бамфорд додаде два, а последниот гол го постигна Робин Кох.

ПретходноРоналдо беше очаен и заминал пред да заврши натпреварот
СледноЧурлинов чини пет милиони евра, Барнли е на потег