Ојлески: Турнирот во Струга ќе покаже до каде сме!

119

Е.Пелистер ги заврши базичните подготовки во Маврово. Битолчани се враќаат во спортската сала „Боро Чурлевски“, а првиот контролен натпревар ќе го имаат во сабота, на шести август, против братскиот тим, Е.Пелистер 2.

Битолчани вистинскиот тест ќе го имаат на турнирот во Струга, кој ќе биде загревање за четвртфиналето против Мешков Брест во СЕХА-лига, но и за почетокот на вистинските предизвци.

„Маврово секоја година го посетуваме. Тука има одлични услови за работа, температурата е одлична. Ние тренираме напорно, имаме поинтензивни тренинзи со новиот тренер. Припремите течат одлично.

Првиот дел беше физичка подтовеност, сега во вториот ќе се воигруваме за натпреварите кои ни следат. Добредојден е турнирот во Струга, каде ќе видиме како ќе играме. Ни следи и натпреварот со Мешков Брест, каде влогот е голем – пласман на СЕХА завршницата. Полека ќе биде сè во ред и формата ќе оди во нагорна линија. Имаме доста нови играчи, доста млади ракометари и ќе ни треба повеќе работа и повеќе воигрување“, изјави Гоце Ојлески.

ПретходноОбезбедување го тргна „насилнички“, Меси го спаси и му ја исполни најголемата желба (ВИДЕО)
СледноУште двајца играчи останаа верни на ГРК Тиквеш