Порази на шахистите во 4. коло на Шаховската Олимпијада во Индија

175

Машката и женската шаховска репрезентација на Македонија претрпеа порази во натпреварите од 4. коло на Шаховската Олимпијада во Индија.

По победите над Бермуда и Шри Ланка, како и убедливиот пораз од Франција, шахистите денеска остварија само половина поен во дуелот со Чешка (0,5:3,5). Единствено реми извади Станојоски на првата табла со бели фигури на дуелот со Навара. Порази претрпеа Ристески, Николовски и Велјаноски.

Дамите денеска беа поразни од Турција со максимални 4:0.

По четири рунди, мажите се на делба на 89. место во конкуренција на 188 репрезентации. Дамите се на 103. место.

За утре во 5. коло, мажите за противник ќе го имаат Велс, додека шахистиките ќе се сретнат со Тајланд.

ПретходноПокетино проговори: Во ПСЖ се опседнати со Лигата на шампиони, за нив се друго е неуспех
СледноКадетките вечерва на трибини: Се гледа дербито Шпанија – Унгарија (ФОТО)