Пораз од В.Британија и за јуниорките!

109

Трет пораз во исто толку натпревари запишаа нашите јуниорки кои од 30. јули учествуваат на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години, дивизија Б, кое се одржува во соседна Бугарија. 

Кошаркарките покажаа далеку подобра игра и сплотеност на теренот, но не успеаја да го спречат налетот на мотивираните кошаркарки од Велика Британија. Избраничките на Никола Златев запишаа пораз од 71-54 односно 16-12, 5-9, 24-19 и 26-14 по делници.

Дабл-дабл ефект оствари Михаела Алексовска со 13 поени и 10 скокови. Марија Николов реализира 19 поени, Климентина Модева 7 поени и 11 скокови, по пет поени запишаа Христина Ставревска и Мартина Маркоска. Ана Милованова придодаде 4 поени и Евгенија Танаскоска запиша еден поен зад своето име.

Следи ден одмор, а потоа последниот натпревар во рамки на групната фаза против селекцијата на Хрватска, на 3. август со почеток во 19:30.

ПретходноТетовци утревечер со чартер ќе летаат за Стокхолм: Шаќири верува дека може да се мине АИК!
СледноФИБА прогнозира: Словенија со Дончиќ ќе биде европски првак, Србија останува без медал… (ФОТО)