Жил Кунде од денеска и официјално е ново име во таборот на Барселона. Некогашниот дефанзивец на Севилја, од сега па натаму ќе ја предводи обраната на каталонскиот гигант. Секако дека ова е големо, екстра големо засилување за тимот на стратегот Чави Ернандез.
„Мојот прв впечаток е одличен. Тука сум примен со многу љубов, посебно од страна на претседателот Хоан Лапорта. Мојот разговор со Чави исто така беше пријатно, тој ме натера да дојдам во Барса. Да, Челзи ме сакаше, но јас ја одбрав Барселона зошто сакав да дојдам тука“ рече покрај другото Кунде на прес – конференцијата за медиумите на која беше извршена и промоцијата.
Our new Culer @jkeey4 and @JoanLaportaFCB arrive for the press conference! 🤩 pic.twitter.com/h5NNHmIqSk
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 1, 2022