Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг вели дека е задоволен од она што неговиот тим го одигра во предсезоната, односно во подготвителниот период и дека најбитно е што тимот се воиграл доволно добро за да стартува како што треба во Премиер лигата.
„Ние напредуваме и тоа е добро, но има толку многу работи што треба да се подобрат. Од следната недела резултатите се важни. Генерално, задоволен сум од подготовките, добро се снајдовме, но мора да продолжиме вака. Ова е процес кој трае во текот на целата сезона“ – изјави Тен Хаг.
Холанѓанецот го пофали и младиот напаѓач Алехандро Гарначо. На вчерашниот дуел против тимот на Рајо, 18.годишниот Аргентинец играше делуваше на левата крилна позицина и одигра сосема добро
„Сакаме да им дадеме шанса на младите кои ја заслужуваат. Добро се снајде денес“ – поентираше Тен Хаг.