Уште двајца играчи останаа верни на ГРК Тиквеш

106

ГРК Тиквеш ја продолжи соработката со со двајца ракометарите. Во новата сезона дресот на кавадаречкиот состав ќе го носат Евгениј Темелковски и ветеранот Орданчо Лазов, кој одлучи да игра ракомет најмалку уште една година.

Претходно верноста ја продолжија Симиќ, Миклов, Кондев и Коцев. ГРК Тиквеш ќе го предводи Данило Брестовац, а во Супер-лигата за противници ќе ги има двата тима на Е.Пелистер, Пролет, Радовиш, Скопје, Ј.Кисела Вода и Голден Арт.

 

ПретходноОјлески: Турнирот во Струга ќе покаже до каде сме!
СледноФрапантно: Три најгледани мечеви со фанови на стадион за 2022 година се од женскиот фудбал!!! (ФОТО)