Тетовци утревечер со чартер ќе летаат за Стокхолм: Шаќири верува дека може да се мине АИК!

369

Во четврток со почеток од 19 часот, во Стокхолм, Шкендија ќе го одигра првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, и тоа против силниот АИК. Познато е реваншот се игра на 11 август во Скопје.

Шкендија во манир на голем клуб, повторно ќе лета со чартер, и тоа утревечер, само сеуште не е дефинирано дали од Приштина или Скопје, но тоа е помалку важно.

Да, одиме со чартер со цел да ги избегнеме сите можни компликации. Тоа го правиме вообичаено кога се работи за овие европски натпревари. Пристигнуваме во вторник доцна вечер во Стокхолм, во среда утрината малку одмор а потоа оној вообичаен тренинг во пресрет на мечот во четврток“ вели Шаќири за “Спортмедиа“.

Интересно, нашата фудбалска легенда како играч има играно против АИК.

Па тоа беше пред цели 25 години, сега во голема мерка работите се променети. Но јасно е дека АИК и натаму е еден од најдобрите клубови во Шведска. Нема да биде лесно, напротоив. АИК е силен тим, но и Шкендија не е за потценување. Покажавме на овие четири европски меча квалитет. Нема да се предадеме, ќе одиме во Стокхолм по добар резултат. Ќе ја играме нашата игра, нема да се браниме, впрочем Шкендија и не знае да се брани. Јас сум оптимист и верувам дека може да се мине АИК“ заврши Шаќири.

ПретходноАмедовски доби уште една шанса во УФЦ!
СледноПораз од В.Британија и за јуниорките!