Утре во Нион е ждрепката за плеј – офот во ЛЕ (13 часот) и ЛК (14 часот). Секако дека во преден план е Шкупи, кој ако го мине Шамрок Роверс во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, би можела да се падне во плеј – офот со екипи како Гент, Австрија Виена, Хартс, Омонија, Сиваспор, Дњипро, Силкеборг, како и поразените од мечевите во ЛШ меѓу Динамо/Лудогорец, Шериф/Плзен, Жалгирис/Бодо Глимт, Ферецварош/Карабах, Макаби/Аполон, Пјуник/Ц.Звезда.
Во случај на елиминација од Шамрок, тогаш Шкупи ќе игра во плеј – офот во Лигата на Конференции и со оглед на тоа дека УЕФА го скрати списокот на можни ривали, чаирчани би можеле да се соочат со победниците од овие двојки.
Викингур Рејкјавик (ИСЛ) – Лех Познањ (ПОЛ), Рига (ЛЕТ)– Хибернијанс (МАЛ), Балкани (КОС) – КИ (Ф. ОСТ), Зрињски (БИХ) – Тобол (КАЗ), Солигорск (БЛР) – Клуж (РОМ).
Шкендија ако го мине АИК во ЛК, тогаш во плеј – офот би можела да игра со една од победниците на овие мечеви…
Купс (ФИН) – Јанг Бојс (ШВА),Данди Јунајтед (ШКО) – АЗ Алкмар (ХОЛ), Вест Хем (АНГ), Молде (НОР) – Кишварда (УНГ), Фенербахче (ТУР) – Словачко (СВК).
Ждрепката за плеј – офот во ЛК е закажана за утре во 14 часот.