Јончевски објави поширок список, малку е поразличен од оној на Бајиќ!

897

Селекторот Александар Јончевски излезе со поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во рамки на првиот прозорец од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2025. Дефинитивно списокот се разлика од неговиот претходник на кого му беше помошник. На истиот се најдоа имиња од младинската селекција која го заврши својот настап, а не даде голема надеж за некоја сигурна иднина.

Нашата репрезентација е сместена во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Словачка и Норвешка. Првите натпревари од оваа фаза се закажни за крајот на месец август односно 25. август кога ќе и гостуваме на Данска и 28. август кога ќе ја нагостиме селекцијата на Словачка.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K.
3. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
7. Андреј Јакимовски – NCAA Washington State University
8. Марко Миловановиќ – JU.VI. Cremona Basket 1952 S.S.D. A.R.L.
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Valencia Basket Club
11. Лука Савиќевиќ – Eastern Michigan University
12. Андреј Митревски – МЗТ Скопје Аеродром
13. Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. Љубомир Младеновски – Пелистер
16. Теодор Симиќ – Barcelona
17. Елвис Хот – Феникс 2010
18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
19. Гоце Петрушевски – Cestistica San Severo
20. Димитар Пандев – Indiana Univ Purdue Univ Indianapolis
21. Ваљмир Какруки – Работнички
22. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
23. Филип Бакоч – Навико Академија ФМП
24. Резарт Мемед – Aurora Basket Jesi SDA ARL

ПретходноЛазаров и Алкалоид против Вардар на стартот во Струга!
СледноПејчиновски оди според планот, го исплива седмиот маратон (ВИДЕО)