Македонскиот борец во средна категорија, Ален Амедовски (34) добива уште една шанса во УФЦ. Тој никако не успева да ги искаже своите квалитети, па затоа беше пред исклучување од најголемата светска ММА организација.
Амедовски, кој е од Дебар, своето деби во УФЦ го имаше во 2019 година, но на сите три дуели забележа исто толку порази. Сепак тој ќе добие уште една шанса и тоа против дебитантот во УФЦ, Џо Пајфер, кој потпиша минатата недела договор преку натпреварувањето во серијата “Контендер“.
Овој дуел меѓу Амедовски и Пајфер е закажан за 17 септември на УФЦ Фајт најт 210.