Бобан Георгиев е нов играч на Леотар

618

Некогашниот македонски младински репрезентативец, а досегашен играч на Брегалница, Бобан Георгиев е нов играч на тимот на Леотар од Босна.

Ова за него нема да биде прв трансфер во шампионатот на БИХ затоа што претходно беше дел од екипата на Борац Бања Лука. Во Србија настапуаше за Радник Сурдулица, а во домашниот шампионат беше дел и од екипите на Силекс односно Металург.

„Да точно е. Заминувам во Леотар и сум среќен што летово го решавам мојот статус. Заминувам во амбициозен клуб и се надевам на успешна година пред мене“ – ни изјави Георгиев.

Брзиот крилен напаѓач своевремено имаше повреда на лигаментите но успешно се опорави од неа, и ете прави трнсфери кои го подигаат нивото на неговата кариера за скалило погоре.

 

ПретходноБрегалница пробува камерунец во нападот
СледноБоксови и црвени картони во Србија (ВИДЕО)