Калиду Кулибали, Сенегалецот и довчерашниот дефанзивец на Наполи со години важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот. Тој пред неколку дена направи спектакуларен трансфер во Челзи, но Кулибали покажа дека знае и тоа како да ги почитува легендите.
Имено негова желба била да го земе дресот на Челзи со бр.26. А тој број беше легендарен, тој дрес го носеше никој друг туку Џон Тери, иконата на клубот од “Стемфорд Бриџ“.
Секако дека Сенегалецот му се јави на телефон на Тери го замоли дали ќе може токму неговиот број на дресот да го земе.
Се разбира дека Тери му одговори дека може и дека ќе му биде чест токму Кулибали да го носи синиот дрес на Челзи со број 26!
Интересна конверзација меѓу Кулибали и Тери која можете да ја видете и чуете на видеото подолу.
📌 July 15th, 2022
Better call…@JohnTerry26 💙
Honored and Proud 🙏🏿#KK @ChelseaFC pic.twitter.com/uYeVA5y7PL— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) August 1, 2022