Традиционално во време на подготовките за сите екипи за новата ракометна сезона, Струга е во центарот на вниманието. Оваа година во рамките на 50. јубилејно издание ќе биде исто еднакво интересно.
Домаќинот денеска го објави и распоредот на одигрување на натпреварите. Првиот ден актуелниот македонски првак, Вардар 1961 ќе ги одмери силите со Алкалоид, предводен од Кирил Лазаров.