Македонија поразена и од очајната Велика Британија!

334

Македонската јуниорска репрезентација во последното коло од групната фаза на ЕП во Измир е совладана од Велика Британија со 69-71 за трет пораз на овој шампионат во низа. Ова беше меч на двете најслаби тимови, а за тоа говореше и лошата игра, премногу промашувања и изгубени топки на двете страни. Македонија средбата ја заврши со 22 загубени топки, додека на другата страна противникот имаше 19.

И покрај трите порази во низа, „црвено-жолтите“ патуваат во осминафиналето, таму ќе играат против Шпанија.

Избраниците на Тони Симиќ беа подобри во првата четвртина, ја добија со минимални 17-16. Следниот период целосно му припадна на противникот, кој со пет поени во низа поведе со највисоки 19-26, но „црвено-жолтите“ лесно се вратија во мечот. На одморот намалија на 33-36.

Во второто полувреме Македонија заигра нешто подобро, па успеа да го доведе мечот во неизвесна завршница. Се играше буквално кош за кош. Нашите кошаркари дојдоа на плус четири (62-58), но серија промашувања и загубени топки ја вратија Велика Британија на голема вратам на 45 секунди до крајот поведе со 62-66. Симиќ по само 30 секунди мораше да земе нов тајм-аут.

Тео Симиќ реализираше две слободни за 64-66, Велика Британија постигна тројка за 64-69, Стојановски ги реализираше двете слободни фрлања за 66-69. Симиќ побара од момците да прават брзи фаули, противникот реализираше едно, а додека Шошкиќ постигна тројка за 69-70.

Македонија направи неспортска лична грешка, Велика Британија погоди само еднаш од линијата за слободни фрлања за 69-71 на девет стотинки, премалку време за било што.

ПретходноТодор Мирчевски и Љупчо Милков ќе возат велосипеди благодарение на наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ НА 2WIN.MK
СледноПромоција: Барса и официјално го претстави Кунде! (ФОТО + ВИДЕО)