По речиси 2,5 месечна пауза, викендов со натпреварите од 1.коло стартува новата 2022/23 сезона во ПМФЛ. Шампионатот ќе започне в сабота (6 август) и тоа со натпреварот меѓу Струга ТЛ и Победа, меч кој почнува во 17.30 часот и ќе биде пренесуван на ТВ.
Во недела пак, на ТВ ќе ја има средбата меѓу Силекс и Работнички, која исто така почнува во 17.30 часот.
Инаку можно е на стартот да се одиграат само три натпревари. Имено познато е дека Ренова се откажа, па така екипата на Македонија ЃП ќе биде слободна, а Шкупи и Шкендија, поради нивните европски обврски бараат одложување на своите мечеви со Тиквеш и Скопје.
Во недела ќе се игра и дербито меѓу А. Пандев и Брегалница.
Значи викендов, во рамките на 1.коло од новата сезона, веројатно ќе се играат овие три натпревари, Струга ТЛ – Победа (сабота), Силекс – Работнички (недела) и А. Пандев – Брегалница (недела).