Трансфер вреден 250.000 евра: Енур Тотре се сели во Ворксла Полтава!

825

Сите бегаат од Украина, а Енуер Тотре, повремениот наш репрезентативец ќе игра за клуб од таа земја. И тоа за Ворксла Полтава, каде под договор е и Ѓоко Зајков, но тој сега како позајмен играч настапува во Бугарија.

Тотре кој некогаш важеше за голем талент на Шкендија, во изминатиот период играше за Тирана, и како што пренесуваат медиумите од таа земја, пред се “Панорамаспорт“, тој веќе се разделил со клубот, ги поздравил навивачите.

Како што се пишува, трансферот на Тотре во Ворксла изнесува 250.000 евра.

ПретходноПМФЛ: Сезоната почнува со Струга ТЛ – Победа в сабота, Шкупи и Шкендија бараат одложување на своите мечеви!
СледноАмедовски доби уште една шанса во УФЦ!