ЕП во кошарка ќе почне точно за месец дена и ќе трае до 18 септември. Се очекува спектакуларен шампионат, посебно ако се знае дека на него за своите репрезентации ќе играат и големите ѕвезди на НБА, како Јанис, Дончиќ, Јокиќ…
Јавноста, барем онаа балканската верува дека Србија е прв фаворит за златото, но сепак така не мисли ФИБА, која денеска како прогноза ја “исфрли“ својата листа со главните фаворити.
На прво место е Словенија, па потоа Франција, трета е Грција а дури четврта селекцијата на Србија.
Ајде да видиме дали овие прогнози ќе се остварат.