Македонскиот ракометар Хари Павлов повторно се враќа во странство по ново меѓународно искуство. Младиот десен бек ќе игра во австрискиот тим на Ферлах со кого потпиша двегодишен договор.
Австрискиот ракомет не е непозната средина за 19-годишниот Павлов. Тој беше дел од младинската школа на австриски Фиверс пред да дојде во тимот на Прилеп пред две години.