Чурлинов чини пет милиони евра, Барнли е на потег

229

Англискиот тим Барнли ќе мора да плати пет милиони евра доколку сака да го види во своите редови македонскиот интернационалец и репрезентативец Дарко Чурлинов.

Чурлинов минатата сезона ја мина на позајмица во Шалке 04, летово се врати во Штутгарт, и имаше релативно добра предсезона. Погоди на стартот на регуларната сезона во куп мечот протид Динамо Дрезден.

Барнли е тим кој располага со релативно богат буџет и не би требало да биде проблем да се плати бараната сума.

 

ПретходноМилан подобар од Марсеј, Севиља лошо мина и против Лестер (ВИДЕО)
СледноСтразбур ги „прегази“ резервите на Ливерпул (ВИДЕО)