Агентот на шпанскиот голман од екипата на Челзи, Кепа Аризабалага слетал во Италија за да ги отпочне финалните преговори за преселбата на голманот во Наполи, бидејќи останало само да се договорат бонусите.
РАИ Спорт тврди дека претставникот на Кепа денеска пристигнал во Милано на разговори лице в лице со директорите на Наполи. Челзи се согласи да исплаќа речиси 70 отсто од неговата плата за време на периодот на позајмица, така што платата од 9 милиони евра по сезона нема да бидат проблем.
Дебатата сега е околу бонусите поврзани со перформансите кои Челзи сака да ги покрие од настапот на Кепа во Наполи.
Наполи наводно сака да плати 1,5 милиони евра доколку се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите оваа сезона, плус уште 1,5 милиони евра доколку се квалификува за настап во Лигата на шампионите следната година. Останува да се види ставот на лондончани.