Ајакс со необична забрана за своите фанови!

127

Не е тајна дека Ајакс е најголемиот клуб во Холандија, најтрофејниот, еден од најтрофејните во Европа и како таков секогаш е магнет за фудбалските фанови во својата земја. Раководството на клубот секогаш има посебен респект кон своите фанови, но некогаш кога се претерува во некои работи, Ајакс мора да се заштити, односно да ги заштита своите играчи.

Па така деновиве Ајакс одлучи да им забрани на своите фанови да внесуваат пароли на трибините а на кои пишува дека се бара дрес од тој или тој играч.

Необично, нели…но од Ајакс уверуваат дека оваа забрана е со цел да се заштитат играчите кои и да сакаат не можат да им удоволат на сите оние кои по натпреварите бараат дресови од нив.

ПретходноЖота и Ливерпул со нов договор! (ФОТО)
СледноРистo Јанков потпиша за романски второлигаш!