Пред неколку минути од Олимпијакос потврдија дека е постигнат договор со шпанскиот клуб Леванте за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Истото утрово го најави и Фелипе Мињамбред кој за „АС“ изјави:
„Многу сме блиску до постигнување на договор со Олимпијакос за Енис Барди“.
Според претходните најави Олимпијакос треба да му плати 6 милиони евра на клубот од Шпанија за нашиот играч за врска кој во изминатите 4 сезони настапуваше со услех за Леванте, клуб за кој настапи на 152 натпревари а постигна 24 голови со 15 асистенции.
Вестите кои доаѓаат од Атина велат дека во наредните неколку часа Барди треба да се појави на лекарски прегледи во Олимпијакос по што првакот на Грција треба да го комплетира големиот трансфер. Олимпијакос цело лето се обидува да го ангажира Барди а СПОРМЕДИА овој трансфер го најави уште на 14 јуни. Тимот од Пиреа пред некој ден доживеа шок и испадна од квалификациите за настап во Лигата на шампионите па така сега се обидува да игра во групната фаза од Лигата на Европа.