Македонскиот репрезентативец Езџијан Алиоски е нов играч на турскиот гигант Фенербахче. Тој од тимот на Ал Ахли се сели во Истанбул на воодушевување на навивачите на овој клуб. Во Турција секој новитет во екипата се дочекува со воодушевување, па така и Алиоски.
Од друга страна, во Фенер веќе имаат искуство со македонски репрезентативци затоа што Елиф Елмас своевремено ја оствари својата полна фудбалска афирмација на европско ниво токму во овој клуб, пред да направи трансфер во Наполи.
Сега, знаејќи што значи трансфер во Фенербахче, Елмас му честиташе преку социјалните мрежи на својот репрезентативен колега, сметајќи очигледно дека прави екстра потег во кариерата.