Жота и Ливерпул со нов договор! (ФОТО)

97

Диого Жота, португалскиот напаѓач и Ливерпул ја продолжија соработката. Иако неговиот договор со “редси“ беше до 2023 година, и двете страни се договорија да стават потпис на нов, кој ќе биде со важност до 2027 година.

На ова продолжување на соработката најмногу инсистираше токму стратегот на тимот од “Енфилд“ Јирген Клоп.

Секако дека и Жота, кој во минатите сезони беше еден од најдобрите во таборот на “редси“ ја прифати понудата со која ќе зема поголема плата во однос на минатиот период.

Diogo Jota puts pen to paper on a new long-term contract with the Reds.

ПретходноТрансфер: Осијек го претстави големиот талент на Пелистер Михаил Талевски!(ФОТО)
СледноАјакс со необична забрана за своите фанови!